Пелистер без Кизиќ против Агуас Санташ

123

Е.Пелистер по домашните обврски продолжува со натпреварите во Европската лига. Македонскиот вицепрвак во второто коло е гостин на Агуас Санташ, дуелот се игра уште со почеток во 20:45 часот.

На оваа средба предводникот на битолскиот тим, Ларс Валтер нема да смета на македонскиот репрезентативен голман, Марко Кизиќ. Споре кратките информации на официјаланата „Фејсбук“ страница, тој се повредил на дуелот против Архус, кој Пелистер го загуби на домашен терен.

Засега не е познато дали станува збор за нешто посериозно.

Повикани ракометари за натпреварот Агуаш Санташ

Голмани: Урбан Лесјак Бобан Ристевски. Леви крила: Цветан Кузманоски Гоце Ојлески. Леви бекови: Руди Сери Себастијан Хенеберг Мохамед Суси Средни бекови: Вилсон Дејвис Павле Атанасијевиќ Марио Танкоски Десни бекови: Усама Хосни Мирко Радовиќ (капитен) Десни крила: Ненад Костески Никола Стоилевски Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски Денис Васиљев Дефанзивец: Милорад Кукоски.

ПретходноКФСМ ангажираше уште еден Американец ама го крие?!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Илчо Ѓорѓиоски (Брегалница)