Македонскиот вицепрвак утре му гостува Агуас Санташ во рамките на второто коло во Европската лига. Ракометарите на Пелистер вечерва тренираа во Порто, а атмосферата е одлична, посакуваат прва радост во новата сезона.
„После поразот од данскиот тим немавме многу време за подготовките, игравме во домашното првенство. Сепак знаеме за каков противник се работи, гледавме видео-анализи, посветени сме максимално на двата тренизи во Битола и тука. Португалскиот тим на домашен терен игра агрсивна одбрана, ќе биде потребно трпение во нападот, треба да одиграме паметно, без брзање. Со ладна глава влегуваме во мечот. Во првото коло и ние и тие запишаа пораз, па и двете страни ќе бараат победа, се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме“, изјави Пешевски, кој потенцира дека гостинските бодови ќе бидат многу важни.
Мечот се игра утре со почеток во 20:45 часот.