По освојувањето на турнирот во Ираклион: Калин со голем скок на АТП листата!

280

Калин Ивановски и тоа како скокна на АТП листата на најдобрите тенисери во светот. И тоа благодарение на освојувањето на турнирот во Ираклион (Грција). Па така сега нашиот најдобар тенисер се наоѓа на 633 место на АТП листата, што е скок од 117 места. Инаку Калин освои и +15 рејтинг поени по освојувањето на втората сингл титула во својата кариера.

Треба да се каже дека овој пласман на Ивановски е негов најдобар во досегашната куса кариера. Се разбира од него се очекува уште подобар пласман во иднина.

Претходно“Среќна 13-ка“ – Буштур како освојувач, обединувач…
СледноСкандалозно: Полицајци претепале екс – фудбалер на Вардар! (ВИДЕО)