Како што пишува „Сан“, Кристијано Роналдо смета дека неговото враќање во Манчестер Јунајтед било катастрофа. Според овој весник тоа Роналдо го кажува во книгата која треба да излезе наредниот месец. Имено Португалецот бил фрапиран од фактот дека немало никакво вложување во спортскиот центар “Карингтон“, дека тој бил на исто ниво како во 2009 кога тој си замина од Јунајтед во Реал Мадрид. Исто така бил фрапиран од недоволната физичка подготвенот на своите играчи, а дека бил многу несреќен во времето кога во тимот беше Ралф Рангник.
Што ли ќе каже кога сега води “војна“ со Ерик тен Хаг.
Инаку Роналдо, барем според „Сан“, на висок функционер на ФИФА му кажал дека направил катастрофална грешка што се вратил на “Олд Трафорд“.