Суарез ја освои втората шампионска титула со Национал

202

Уругвајскиот голгетер Луис Суарез се врати во Национал оваа година и веднаш ја освои шампионската титула. Национал го совлада локалниот Ливерпул од Монтевидео со 4:1, а откако средбата заврши 1:1 во регуларниот дел, а во продолженијата „триколорите“ постигнаа три гола, еден беше дело на Суарез, па така Национал ја осигура титулата која е 49-та во Уругвај.

За Суарез ова е втора титула со Национал после освоената во сезоната 2005/06 пред да замине во Европа.

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 13.КОЛО: Самаке го “расплака“ шампионот
СледноКоментар на 13.коло: Струга ТЛ остана на +3, се вжештува битката за титулата