ТИМ И ИГРАЧ НА 13.КОЛО: Самаке го “расплака“ шампионот

261

Адама Самаке е играч на колото според „Спортмедиа“. Иако неговиот тим не успеа да победи против Шкупи, во меч од 13.коло кон беше еден вид на супер – куп, сепак интернационалецот од БСК одигра одлично, а во 90+2. минута при резултат 0:1 за гостите тој постигна фантастичен гол и го “расплака“ Шкупи, му украде два златни бода.

Од овој натпревар во тимот на колото е и Сандеј Адетунџи од Шкупи, кој го постигна првиот сезонски гол.

Работнички успеа да победи кај А. Пандев, а одлични беа голманот Алексовски, дефанзивецот Исмаили и стрелецот на вториот гол Гандо. Брегалница извлече бод кај Струга ТЛ и тоа најманогу благодарение на Ристевски и Ѓорѓиев, додека голот на колото беше дело на Укпа од Струга ТЛ. Обадовиќ му донесе бод на Силекс против Шкендија, а Тиквеш со голот на Карчески ја победи Победа, одличен беше и Наумчески.

ИГРАЧ НА КОЛОТО 

АДАМА САМАКЕ 

Тим: Македонија ЃП 

Роден: 29.12.2002 во БСК 

Кариера: Исиа, Македонија ЃП

ПретходноУрнебесен одговор на Клоп за поразот од Лидс (видео)
СледноСуарез ја освои втората шампионска титула со Национал