Македонија – Луксембург 2:3 е епилогот од последниот меч на нашата У-17 репрезентација во 9.квалификациска група за пласман на ЕП. По двата порази од Исланд и Франција во првите два меча во групата, попладнево момците на селекторот Вујадин Станојковиќ одново беа поразени од соодветната селекција на Луксембург. Се до 90+2 минута беше 2:2 за да Федереспил погоди за 2:3.
Елмас уште во 4.минута ја доведе Македонија во водство, следуваа два гола на гостите преку Бенслаиман и Федерспиел па така на пауза се замина со водство на Луксембург од 1:2.
Во 79.минута Младеновски постигна гол 2:2, да ка како што рековме гостите во самиот финиш постигнаа трет победнилки гол.
Со овој пораз Македонија се најде убедливо на последното место во групата со три порази.
Македонија почна со следниот состав: Хаџибулиќ, Мемиши, Љубевски, Стојковски, Велков, Димитријевски, Јовановиќ. Подграџа, Елмас, Алии, Алиу.
Играа уште: Сековски, Младеновски, Ајетовиќ.