Поранешниот норвешки напаѓач Џон Керју се соочува со затворска казна од намалку две години поради измама. Некогашниот фудбалер кој одиграл 91 натпревар за Норвешка е обвинет за финансиски малверзации во врска со пријавување на данок, па се соочува со двегодишна затворска казна и парична казна во износ од 45.000 фунти.
Ваква казна бараа обвинителите од Судот во Осло, кои сметаат дека Керју имал доволно можности да ги преправи пресметките кои ги дал на властите, но не го направил тоа. А Керју вината ја префрли на адвокатот и некогашниот менаџер Пер Флод кој го советувал да не ги прикажува спорните приходи и добивки, а кои се стекнати надвор од границите на Норвешка.
„Слепо му верував. Бев убеден дека е во право. Ме контролираше како марионета. Знам дека е неодговорно од моја страна, но навистина е така“, изјави Керју.
Тој играше за Розенборг, Рома, Бешикташ, Лион, Астон Вила, Стоук и Вест Хем, а во 2012 година ја заврши кариерата.