Агентот на Пол Погба, откри дека играчот нема да игра за Франција на Светското првенство во 2022 година.
„Пол сакаше да се врати што е можно поскоро, но мора да биде трпелив, да работи напорно во овие тешки моменти и да направи се што е можно за да го забрза неговото враќање за навивачите и тимот“, рече неговиот агент.
29-годишниот француски фудбалер оваа сезона нема одиграно официјален натпревар поради повреда на менискусот и операција која следуваше откако претходно се здоби и со повреда на мускулот на бутот.