Емил Божиновски ќе биде контролор на дуелот Јувентус – ПСЖ!

383

Во последното коло од Лигата на Шампионите, кое се игра утре и задутре, ќе има наши претставници, барем кога се во прашање контролорите на судењето.

Па така Емил Божиновски ќе биде контролор на судењето на мечот меѓу Јувентус и ПСЖ, меч кој се игра в среда со почеток од 21 часот во Торино.

Тој ќе го „контролира“ делењето на правдата на судиската тројка од Шпанија и тоа Карлос Дел Геро Гранде (главен), Диего Барберо Севиља и Гвадалупе Порас Аусо, сите од Шпанија.

ПретходноДвоен триумф на Малинковски на Монца во Twingo Cup
СледноИбрахимовиќ: Што ќе ви се Меси, Нејмар и Мбапе, кога го немате богот на фудбалот?