Златан Ибрахимовиќ сезонава се уште нема настапувано за италијанскиот шампион Милан поради тешка повреда и опоравување. И покрај тоа, шведскиот напаѓач секогаш е во фокусот на вниманието на јавноста, а своите фанови ги воодушеви со новото појавување во француските медиуми. Ибрахимовиќ во интервју за Канал + ја коментираше ситуацијата во ПСЖ, клубот за кој некогаш настапуваше и за кој постигна вкупно 156 голови.
На прашањето дали му недостига Париз, Златан одговори во свој стил.
„Откако заминав, немате за што да разговарате. Не ми треба Франција, јас ѝ требам на Франција. Што ќе ви се Меси, Нејмар и Мбапе кога го немате богот на фудбалот? рече тој.
На прашањето за крајот на кариерата, тој рече:
“Не размислувам за пензија, мислам дека крајот не е близу. Се додека можам да дадам нешто, сакам да играм. Во моментот кога се повлекувам , Сакам луѓето околу мене да бидат искрени и да ми кажат дека повеќе не можам да помогнам. Тогаш ќе бидам реален“.