ИХФ направи мала промена во сатниците на СП!

140

ИХФ на нешто помалку од три месеци до стартот на СП во ракомет, направи мала промена во сатниците од она што беше најавено претходно.

Па така според првичните планови Македонија требаше да ги игра мечевите со Норвешка, Холандија и Аргентина во Кратов во “Таурон Арената“ во Краков од 20:30 часот.

Сепак според новиот распоред, четата на селекторот Кире Лазаров во овој термин ќе го игра мечот само со Норвешка на 13 јануари. Додека останатите два, против Холандија и Аргентина, со кои играме на 15 и 17 јануари, мечевите ќе ги играме од терминот од 18 часот.

ПретходноКој е новиот Американец на кого Македонија му даде пасош?
СледноВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Нема непоразени по три одиграни кола!