Кој е новиот Американец на кого Македонија му даде пасош?

357

Бројот на натурализирани Македонци во списокот на македонската кошаркарска репрезентација се зголеми. Поради честите проблеми со списокот во изминатиот период, од КФСМ се одлучија да му доделат пасош на нов Американец, кој на дело ќе го видиме во ноември во Гевгелија.

Ти Џеј Шортс е на списокот на Александар Јончеви за дуелите против Норвешка и Данска, на 10. односно на 13. ноември во Гевгелија, во рамките на претквалификациите за ЕП 2025 година.

Станува збор американски плејмејкер кој од пред неколку месеци е член на бундеслигашот Телеком Бон, а и претходните две сезони играше во германското првенство. По една сезона помина во Хамбург Тауерс и Краилсхајм Мерлинс, а првата професионална година во европската кошарка ја помина во летонскиот Вентспилс.

Минатата сезона бил најдобар стрелец (20,6 поени) и играч со највисок просечен индекс во Бундеслигата (22,3).

Има 25 години, висок е 175 сантиметри. Шортс просечно постигнува по 17 поени, 7 асистенции и 2 скока, со индекс 16 и е најефикасен и играч со највисок ефект во својата екипа. За тројка шутира со над 50% (8/15), а вкупно од поле со 44% (15/34).

Во Лигата на шампионите е уште подобар, на три натпревари просечно постигнуваше по 26,7 поени и 7,7 асистенции со индекс 29,3.

ПретходноЈончевски го објави списокот: Со нов натурализиран Македонец во ноемврискиот поход!
СледноИХФ направи мала промена во сатниците на СП!