Македонскиот репрезентативен дефанзивец Никола Серафимов, уште еднаш се најде во тимот на колото во елитната лига во Унгарија. Имено по одличниот настап во дресот на МОЛ Фехервар, Серафимов и неговите клупски колеги победија на гости кај Хонвед, Македонецот заслужи да биде во идеалниот состав на 13.коло во најсилната лига во Унгарија.
Да посетиме дека Серафимов откако е во Унгарија, прво во Залаегерсег а сега и во МОЛ Фехервар, веќе во неколку наврати беше избран во најдобриот тим во тамошната лига.