Повторно на сцена ќе го имаме тандемот Горан Пандев – Ацо Стојков, како што некогаш тоа беше пред две децении и повеќе кога и двајцата легендарни струмичани играа за Беласица а потоа и заедно направија трансфер во Интер.
И се разбира како што тоа беше кога играа долги години заедно во нападот на репрезентацијата на Македонија.
Имено како што дознава “Спортмедиа“, Ацо Стојков ќе биде новиот спортски директор на Академија Пандев, а потписник на сметка на клубот ќе биде Ристо Ристов кој доаѓа на местото на Илија Матеничаров.
Стојков е нашиот некогашен легендарен репрезентативец, долгогодишен пријател и човек од доверба на Пандев, па така тој ќе биде еден од првите оперативци на “новата“ А. Пандев откако деновиве ќе се обелодени и официјално соработката со Италијанците, секако дека една од посредните причини е зошто Стојков знае и добро италијански јазик.
Не треба да се трошат зборови за Стојков, кој да потсетиме дека токму во “пандевци“ ја имаше во 2018/2019 една од своите последни сезони како фудбалер.Тој е од Струмица и нема потреба од дополнителна аклиматизација.
Дознаваме дека набргу “пандевци“ ќе го промовираат својот нов спортски директор Ацо Стојков.