Владе Дивац доби пасош од друга држава, Премиерот лично му го даде!

461

Владе Дивац, поранешен долгогодишен репрезентативец на Србија, поранешен НБА играч и поранешен претседател на Олимпискиот комитет на Србија, доби пасош од друга држава.

Црногорскиот пасош му го врачи лично премиерот на црногорската влада во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ, кој по тој повод и официјално објави слики од примопредавањето на пасошот на својот Твитер профил.

За Дивац, Црна Гора е како втор дом, последните неколку години најмногу ги поминал во Луштица, неговите предци се токму од оваа земја.

Во својата долгогодишна богата кариера на два меча настапуваше за Партизан, Слога од Краљево, Лејкерс, Шарлот, Сакраменто и Црвена звезда, а со репрезентацијата освои дури десет медали на големите натпреварувања.

Тој играше дури 16 сезони во НБА, еднаш беше Ол-стар, а Сакраменто Кингс го повлече неговиот дрес со број 21.

Претходно„Бомба“ од Струмица: Ацо Стојков е новиот спортски директор на А.Пандев!
СледноУникс и Димитријевиќ не го менуваат ритамот!