Лионел Меси од ПСЖ побарал продолжен одмор!

362

Лионел Меси нема да игра во последното коло од Лига 1 пред паузата за Светското првенство. Француските медиуми откриваат дека Меси побарал биде надвор од составот за натпреварот против Оксер, закажан за 13 ноември.

ПСЖ во среда ќе му гостува на Јувентус во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по што ќе има уште два првенствени натпревари со Лориен на гости и Оксер на „Паркот на принцовите“.

Тоа значи дека Меси нема да игра во Париз, по двете гостувања сака да одмори две недели и да ги наполни батериите за Светското првенство во Катар.

Аргентина е во групата Ц, каде се уште Полска, Мексико и Саудиска Арабија. Аргентина го отвора турнирот на 22 ноември против Саудијците во 11:00 часот.

ПретходноДурент и Пол Џорџ пресудија, „дожд“ од асистенции на Харден (ВИДЕО)
СледноСпектакл од голови во Англија: Најлудите десет минути во едно продолжение (ВИДЕО)