Прва радост за Е. Пелистер во Европската лига

177

Е. Пелистер го запиша првиот триумф во Европската лига, откако на гостувањето кај Агуаш Санташ славеше со 29-27. Марио Танкоски е човекот од одлука, постигна два гола во финишот кога неговиот тим падна.

Битолчани лошо влегоа во мечот, противникот поведе со 3-0, но брзо фатија ритам, со серија од 4-0 поведоа со 3-4, но останаа без Хосни, кој со носилки беше изнесен од теренот и не се врати, на голема среќа не станува збор за нешто сериозно.

Неговата повреда не ја дестабилизира играта, Пелистер дојде на плус четири (6-10) и 7-11. На одморот беше 12-15.

Битолчани ја искористија својата надмоќност, не застанаа ниту во второто полувреме, прво поведоа со 14-20, на средината беше 18-25. Повредите не го поштедија македонскиот тим, се повреди и Сери.

Наместо да фатат злает, битолчани застанаа. Девет минути беа без постигнат гол на другата страна португалскиот тим направи серија од 6-0 и дојде на 24-25. Хенеберг стави крај на агонијата, но дуелот влезе во неизвесна завршница.

Битолчани одржуваа позицива од два гола, наместо да дојдат на плус три со играч повеќе примија гол во 58 минута за 27-28.

Танкоски постигна важен гол за 27-29 на минута и пол до крајот. На крајот остана овој резултат. Мечот го заврши со три гола, прв стрелец беше Хененберг со седум гола, Лесјак запиша шест одбрани.

 

ПретходноРеакција на Струга ТЛ по одлуката на Судиската комисија дека голот на Брегалница бил регуларен! (ВИДЕО)
СледноМанчестер Ј. брза да завери нов договор со Маркус Рашфорд