Спектакл од голови во Англија: Најлудите десет минути во едно продолжение (ВИДЕО)

219

Бројните фудбалски натпревари низ Европа и светот секој викенд привлекуваат големо внимание кај просечниот љубител на спортот, но она што го направи англискиот третолигаш пред два дена заслужува многу поголемо внимание. Чарлтон му гостуваше на Ипсвич, а самиот натпревар беше спектакуларен по повеќе основи.

Најпрво заврши со резултат 4:4. Поделбата на бодовите беше постигната во судиското надополнување, бидејќи пред судијата да покаже уште колку време ќе има игра на семафорот беше 2:2, а потоа за неколку минути видовме уште четири гола. Многумина сметаат дека ова продолжение е најлудото во историјата на фудбалот затоа што за речиси десет минути игра можевме да видиме зошто фудбалот е толку убав.

Што се однесува до четирите гола во судиското надополнување, тие беа постигнати помеѓу 90:50 и 98:15. Гостите во Ипсвич ги постигнаа првите два, а Чартлон последните два гола во судиското надополнување за спектакуларен финиш на натпреварот за кој се зборува Англија. Погледнете како тоа изгледаше:

ПретходноЛионел Меси од ПСЖ побарал продолжен одмор!
СледноВалтер со голема верба: Имаме добри шанси за победа против Санташ