Шкендија ја раскина соработката со Бразилецот!

389

Вагнер Гонсалвеш е веќе минато за Шкендија. Клубот од Тетово на својата официјална страница соопшти дека 26-годишниот фудбалер и раководството донеле одлука за взаемно раскинување на соработката.

„Шкендија објавува крај на соработката со играчот Вагнер Гонсалвеш. Клубот постигна договор со фудбалерот за раскинување на договорот и соработката меѓу страните. Шкендија му се заблагодарува на Вагнер Гонсалвеш за придонесот во црвено-црните бои и му посакува континуиран успех во кариерата“, се вели во известувањето на Шкендија. 

Тој дојде во редовите на Шкендија во јули месец од украинскиот тим СК Дњипро-1.

ПретходноКога ќе го „пецнат“ за Меси, „Роналдо секогаш вади посебно парче хартија!
СледноВидеолотарија преку фондацијата ЕДУКАТА ќе стипендира студенти од ранливите категории!