48-годишниот канадски кошаркарски стручњак Стив Неш и официјално доби отказ на позицијата прв тренер на НБА тимот Бруклин Нетс. Веста ја потврдија од клубот.
„Сакаме да му се заблагодариме на Стив за се што донесе во нашата франшиза во изминатите две сезони. Откако ја презеде функцијата главен тренер, Стив се соочи со голем број невидени предизвици и ние сме искрено благодарни за неговото трпение и понизност во текот на неговиот мандат. Тоа беше исклучително тешка одлука, но дојдовме до заклучок дека во моментов ни се потребни промени. На Стив и на неговото семејство му посакуваме се најдобро во иднина“, изјави генералниот директор Шон Маркс.
Нетси ја започнаа новата сезона во НБА со скор од 2-5 и со сериозно нарушена атмосфера во соблекувалната, која кулминираше со караници и викотници меѓу играчите на мечот со Индијана.