Валтер со голема верба: Имаме добри шанси за победа против Санташ

68

По поразот на домашен терен на стартот на сезоната во Европската лига, Е.Пелистер вечерва (20:45 часот) на гостувањето кај Агуаш Санташ ќе ја бара првата победа во ова натпреварување.

Тренерот Ларс Валтер верува дека токму на оваа средба можат да ги освојат бодовите, но ќе мораат да внимаваат. Според него тимот е излезен од ритам по репрезентативната пауза, но очекува да се вратат во брзо време и покрај проблемите со повреди.

„Имаме многу добри шанси за победа на овој дуел, но мора да признеме дека се соочуваме со проблеми со повредени играчи, како што се случаите со Суси и Сери. Исто така во ростерот имаме нов ракометар кој што треба да се воигра со екипата. По репрезентативната пауза нашиот ритам се поремети, последните три натпревари ќе ги одигравме како што треба. Работиме напорно да го вратиме ритамот од претходно и верувам дека тоа ќе се случи на овој дуел. Агуаш Санташ не е толку висок, колку што е брз тим.

Има многу подвижен среден бек, на кого мораме посебно да внимаваме. Секој натпревар е многу важен во групата и ако минатата средба правевме грешки, не значи дека овој пат не знаеме и можеме да ги поправиме. Ќе дадеме сè од себе, бидејќи секоја гостинска победа е многу важна. Се надевам првата ќе биде сега“, изјави тренерот на Пелистер.

За оваа средба со тимот не отпатува Марко Кизиќ, кој поради повреда мораше да остане во Битола.

ПретходноСпектакл од голови во Англија: Најлудите десет минути во едно продолжение (ВИДЕО)
СледноУкраинците испратија барање до ФИФА – Исфрлете го Иран!