Хосем Оар од Лион и Рајан Аит-Нури од Вулверхемптон во иднина ќе ги бранат боите на репрезентацијата на Алжир. Двајцата добиле алжирски пасоши, па се повикани да се појават на следниот собир на националниот тим за да се подготвуваат Африканскиот национален шампионат кој стартува во јануари и на кој Алжир е домаќин и во групата ќе игра со Либија, Етиопија и Мозамбик.
Оар е роден во Лион, како младинец играл за истоимениот клуб, па потоа и за вториот тим, а од 2016 и за првиот тим. Играл за француските селекции до 17 и до 21 година, а во 2020 година има и еден настап за сениорската репрезентација на Франција во пријателски меч против Украина.
Аит-Нури е роден во Монтреј во близината на Париз, има 21 година и играл за ФК Париз, Анже, а во 2020 година е во Вулверхемптон. И тој играл за младите селекции на Франција.
Поради тоа што и двајцата имаат потекло од Алжир, од ФИФА добија дозвола да ја сменат репрезентацијата.
Па така двајцата може да се појават на теренот во дрес на Алжир уште на 19 ноември кога Алжир ќе одигра пријателски натпревар со Шведска во Малме.
🚨OFFICIEL ! Houssem Aouar et Riad Ait Nouri auraient officiellement opté pour l’Algérie 🇩🇿✅
(@FRANCE24) pic.twitter.com/cxYonmnvP9
— Street Foot (@StreetFo0t) October 30, 2022