Директно од рудник на натпревар со синот, САД го слави таткото херој

2092

НЦАА колеџ коашркарската лига е по популарност израмнета, ако не и попопуларна од НБА лигата во САД. Билетите за мечевите се скапи, тв правата се продаваат за милијарди, а колеџ кошаркарите се исто така популарни како и оние професионалците.

Благодарение на сето тоа, фотографијата на татко кој директно од рудник го одвел својот син на натпревар на универзитетот Кентаки стана вирална и милиони американци го слават таткото херој.

Се работи за извесниот Мајкл Мегваер, кој едноставно враќајќи се од своето работно место како рудар во местото Апачилиан, немал време да влезе во бањата по пристигнуавњето во својот дом, па за да не задоцни заедно со својот син Истон на натпревар заминал со својата униформа. Тренерот на Кентаки, легендарниот Џон Калипари веднаш искоментирал на социјалните мрежи откако ја видел фотографијата,

„Американскиот сон за мене и за моето семејство започна во Клаксбург и во рудникот за јаглен. Оваа фотографија ме потсеќа на мојот дом. Не го познавам овој господин но имам ВИП влезници за него и за неговото семејство“ – напиша Калипари на твитер.

ПретходноВељко Пауновиќ има нов клуб во Мексико
СледноЈувентус слави 125 години од своето постоење