Ајде што загуби од Салернитана на домашен терен од 1:3 минатиот викенд, тимот на Лацио има уште еден проблем плус по тој дуел. Сергеј Милинковиќ Савиќ го заработи шестиот жолт картон сезонава и нема да може да настапи следниот викенд кога е на програмата големото римско дерби против Рома.
Во Лацио секако дека се незадоволни од ваквиот развој на настаните, затоа што Милинковиќ Савиќ е многу важен за овој тим. Особено по сите шпекулации дека тој ќе си замине од Олимпико можеби уште зимава.