Фудбалерите на Ајнтрахт (Ф) и Тотенхем се последните патници во осминафиналето во ЛШ по денешните завршни дуели од групната фаза. Во групата „Д“ каде што беше најнеизвесно, гостите успеаја да слават на пеколните терени во Лисабон и Марсеј и тоа со идентични 2:1 кои ги донесоа до следната нокаут-фаза во најклавитетното европско натпреварување.
И Ајнтрахт и Тотенхем со пресврт дојдоа до победа, откако Спортинг и Олимпик (М) први поведа на вечерашните дуели. Сепак, со смирена и квалитетна игра во вториот дел Ајнтрахт со головите на Камада и Муани, а Тотенхем преку Ленгле и Хојбјерг успеа да запишат победи вредни пласман меѓу 16-те најдобри во Европа.
Во групата А, Наполи и покрај поразот од Ливерпул (1:0) вечерва на „Енфилд“ остана на првото место на табелата и ќе биде привилегиран во ждрепката за осминафиналето. „Црвените“ на Клоп останаа на второто место, иако вечерва Салах успеа да ги врати од шокот во Премиер лигата и поразот од Лидс Ј. во саботата.
Ајакс го потврди третото место и пласманот во ЛШ со триумфот над Ренџерс на гости со 3:1.
Во групата „Ц“ Баерн (М) покажа зошто е еден од двата најголеми фаворити за трофејот во најсилното клупско натпреварување. Момците на Нахелсман уште еднаш го совладаа Интер, овој пат со 2:0 со головите на Павар и Чупо-Мотинг и со максимални 18 бода завршија на првото место. Интер и покрај поразот е втор, пред Барселона која со победа од 4:2 кај Викторија Плзен заврши на 3. место.
ГРУПА А
Ливерпул – Наполи 2:0
Ренџерс – Ајакс 1:3
ГРУПА Ц
Баерн (М) – Интер 2:0
Викторија П. – Барселона 2:4
ГРУПА Д
Олимпик (М) – Тотенхем 1:2
Спортинг (Л) – Ајнтрахт (Ф) 1:2