ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Спортинг и Олимпик (М) најблизу до осминафиналето, без голови на „Енфилд“ (ВИДЕО)

53

Фудбалерите на Спортинг (Л) се најблизу до осминафиналето во ЛШ од сите четири тима во групата Д по првото полувреме на вечерашните средби од последното 6. коло. Португалците со голот на Артур во 39. минута поведоа против Ајнтрахт (Ф) на домашен терен и сега се лидери на табелата, со оглед на тоа што на мечот во Франција меѓу Олимпик (М) и Тотенхем, домашните со голот на Мбемба во дополнителните минути од првиот дел дојдоа до водство од 1:0 и се сместија на второто место на моменталната табела.

 

Барселона има убедливи 2:0 на гостувањето кај Викторија Плзен со головите на Маркос Алонсо и Феран Торес, додека Баерн со голот на Павар води со 1:0 на полувреме во малото дерби против Интер.

 

Во првата група, Ливерпул и Наполи заминаа на пауза со стартните 0:0, додека Ајакс има убедливи 2:0 на гости кај Ренџерс.

ПретходноБруклин му врачи отказ на Стив Неш
СледноРеакција на Струга ТЛ по одлуката на Судиската комисија дека голот на Брегалница бил регуларен! (ВИДЕО)