Со уште една одлична партија и победа од 2:1 фудбалерите на Порто го обезбедија првото место во групата „Б“ од групната фаза во Лигата на шампионите. Иако по првите 4 кола Бриж самоуверено го држеше врвот, Белгијците вечерва одиграа само 0:0 на гостувањето кај Баер (Л) и не успеаја да останат на чело на табелата, па како второпласирани минуваат во нокаут-фазата.
Најголемо разочарување е Атлетико (М), кој остана без европски пласман на пролет, откако иако има исти бодови со Германците, поради полошиот меѓусебен скор завршува на последното 4. место на табелата.
Победата на Порто вечерва ја обезбедија Тареми и Естакио со головите во 5. и 24. минута од натпреварот. Единствениот гол за гостите беше всушност автогол на Марсано во 94. минута.
ГРУПА Б
Баер (Л) – Бриж 0:0
Порто – Атлетико (М) 2:1