Јавноста во Италија сеуште се бави со нападот врз играчот на Арсенал на позајмица во Монца, Пабло Мари, кој се здоби во еден маркет со повреди од нож откако беше нападнат од извесниот Андреа Томболини. Тој притоа го повреди Мари, усмрти уште еден човек, а нападна вкупно шестмина.
Откако беше уапсен Томболини дал целосна изјава во полиција, а јавноста пренесува дел од неа, и е во целосно неверување.
„Да, сакав да го нападнам токму Мари. ГО препознав во редот, и се јави љубомора во мене затоа што него му е добро, а јас сум болен. ГО прободев со ножот и тука можев да сопрам но не го сторив тоа. Не знам зошто не застанав и не знам зошто ги нападна другите“ – изјавил Томболини. Тој е под сериозна полициска придружба и ќе му се суди за убиство, и обид за убиство.
Во меѓувреме Мари е опериран, а повредите ќе го оддалечат од теренот околу два месеци.