Нов Американец во редовите на Чаир 2030

206

Дебитантот во Првата лига, тимот на Чаир 2030 донесе ново засилување пред стартот на петото коло.

Раководството на клубот има сериозни амбиции оваа сезона, па токму затоа одлучи да донесе нов стратец. Станува збор за Американецот, Тревон Бранч. Од информациите кои можат да се најдат на интернет настапувал во НЦАА-лига, последниот меч го одиграл за Гремблинг стејт универзитетот и тоа во февруари 2020 година. Бранч игра на центарската позиција.

Чаир по четири одиграни меча има две победи и два порази.

ПретходноЃоковиќ без загубен сет го помина првото коло во Париз
СледноПиоли: Ако Салцбург очекува да ја повториме играта од Торино, тогаш ќе се разочара