Суарез по шест месеци во Уругвај на голема врата се враќа во Шпанија!

219

Луис Суарез сигурно ќе го смени клубот на почетокот на следната година бидејќи одлуката да го напушти уругвајскиот Национал ја донесе само по половина година, а како што стојат работите би можел брзо да се врати во Европа.

Се шпекулираше дека Суарез од следната година ќе игра во американската МЛС и дека веќе се е договорено со тимот на ЛА Галакси, но се чини дека нема да се случи тоа, барем засега.

Медиумите во Уругвај пишуваат дека Суарез сака да се врати во Европа бидејќи верува дека се уште може да игра на високо ниво и дека добил неколку интересни понуди.

Според последните информации за него огромен интерес покажала Севиља на која навистина и е потребен нов напаѓач. Раководството на клубот има подготвено договор за Уругваецот до летото 2023 година и можност да го продолжи на уште една година доколку ги оправда очекувањата во дресот на овој клуб.

Јасно е дека Севиља не игра според очекувањата оваа сезона. Останува да видиме дали навистина Суарез ќе дојде токму во овој тим.

ПретходноВидал малку претера: Мадрид, ќе ви удриме клоца во газот…
Следно„Бомба“ од Струмица: Ацо Стојков е новиот спортски директор на А.Пандев!