Чави: Не очекувавме ваква ситуација!

383

Во последното, шесто коло од групата Ц во Лигата на шампионите, Барселона гостува кај Викторија Плзен. Избраниците на тренерот Чави Хернандез не можат да се пласираат во нокаут фазата бидејќи имаат четири бода, шест помалку од Интер, што значи дека напролет ќе играат во Лига Европа.

“Имавме се во наши раце, но пропуштивме шанса, поради наши грешки, како и грешки на судијата. Но, така ќе растеме. Важно е да победиме, да играме добро и да го задржиме ритамот. Мора да славиме против Викторија. Мотивиран сум и за пријателскиот натпревар. Играчите треба да покажат дека заслужуваат место во Барселона. Не ја очекувавме оваа ситуација, но тоа е нов тест“, изјави Чави и продолжи:

Среќа или несреќа, но го преживеав најлошиот период во историјата на клубот, од 2000 до 2003 година, но и најдобриот. Мора да веруваме, не е време за сомнеж. Ова веќе ми се случи како играч, така што сум многу позитивен, на добар пат сме. Ќе освојуваме трофеи следната година, мора да почекаме. Добри сме во првенството, не бевме во Лигата на шампионите. Правиме помали чекори отколку што мислевме, но трофеите ќе се решаваат следната година“, изјави тренерот на Барселона.

ПретходноЊукасл му нуди бланко чек на Тер Штеген за да се пресели на „Ст. Џејмс Парк“
СледноДурент и Пол Џорџ пресудија, „дожд“ од асистенции на Харден (ВИДЕО)