Новак Ѓоковиќ го победи американскиот тенисер Максим Креси со 7:6(1) и 6:4 и се пласираше во второто коло на Матсерсот во Париз. Новак кој е бранител на титулата во јубилејниот 50. Настап на турнирот ја запиша 42. победа.
Србинот имаше проблеми во првиот сет кога се играше тај-брејк, но успеа да го добие. Во вториот му беше многу полесно. Во наредното коло Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот Хачанов – Хуслер.
А поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј е елиминиран од Жил Симон по поразот со 1:2 по сетови (4:6, 7:5, 6:3). Шкотланѓанецот имаше добар старт, го доби првиот сет и беше солиден во вториот затоа што водеше со 5:3 и потоа застана. Противникот успеа да направи пресврт.