Кога ќе го „пецнат“ за Меси, „Роналдо секогаш вади посебно парче хартија!

213

Кристијано Роналдо деновиве е на удар на критиките поради неговото арогантно однесување и одбивањето да влезе во игра на покана на тренерот на натпревар од Премиер лигата. Веројатно е при крај на кариерата на највисоко ниво, но импресионира фактот дека до 37-та година остана еден од најдобрите во светот.

Сега фитнес тренерот на Спортинг Лисабон, Карлос Бруно, откри еден начин на кој Кристијано Роналдо успеал да се мотивира сите овие години да остане на највисоко ниво.

Тој откри анегдота од времето кога Португалецот играше за Реал Мадрид, а Бруно дојде да го посети во тренинг центарот на „кралскиот клуб“. Таму го нашол Роналдо со парче хартија во џеб. По тренингот почнала дискусијата кој постигнал повеќе во кариерата, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, Португалецот веднаш од џебот извадил ливче кое го носи секаде со себе.

“Тој извади парче хартија од јакната на која беа испишани сите негови достигнувања во кариерата. Сè што освои со клубовите, но и на индивидуален план што постигна. Ја извади хартијата и само накратко кажа: „Не е лошо, нели?“ за него тоа е само дополнителна мотивација и затоа постигна толку големи работи во кариерата“, откри Бруно.

ПретходноЛацио без Милинковиќ Савиќ во големото дерби против Рома
СледноШкендија ја раскина соработката со Бразилецот!