Лионел Меси нема да игра во последното коло од Лига 1 пред паузата за Светското првенство. Француските медиуми откриваат дека Меси побарал биде надвор од составот за натпреварот против Оксер, закажан за 13 ноември.
ПСЖ во среда ќе му гостува на Јувентус во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по што ќе има уште два првенствени натпревари со Лориен на гости и Оксер на „Паркот на принцовите“.
Тоа значи дека Меси нема да игра во Париз, по двете гостувања сака да одмори две недели и да ги наполни батериите за Светското првенство во Катар.
Аргентина е во групата Ц, каде се уште Полска, Мексико и Саудиска Арабија. Аргентина го отвора турнирот на 22 ноември против Саудијците во 11:00 часот.