Напаѓачот на Пабло Мари призна: Да, сакав да го нападнам токму фудбалерот

396

Јавноста во Италија сеуште се бави со нападот врз играчот на Арсенал на позајмица во Монца, Пабло Мари, кој се здоби во еден маркет со повреди од нож откако беше нападнат од извесниот Андреа Томболини. Тој притоа го повреди Мари, усмрти уште еден човек, а нападна вкупно шестмина.

Откако беше уапсен Томболини дал целосна изјава во полиција, а јавноста пренесува дел од  неа, и е во целосно неверување.

„Да, сакав да го нападнам токму Мари. ГО препознав во редот, и се јави љубомора во мене затоа што него му е добро, а јас сум болен. ГО прободев со ножот и тука можев да сопрам но не го сторив тоа. Не знам зошто не застанав и не знам зошто ги нападна другите“ – изјавил Томболини. Тој е под сериозна полициска придружба и ќе му се суди за убиство, и обид за убиство.

Во меѓувреме Мари е опериран, а повредите ќе го оддалечат од теренот околу два месеци.

 

ПретходноДобри вести на Олд Трафорд, Марсијал се врати на тренинзи
СледноВељко Пауновиќ има нов клуб во Мексико