Македонската женска ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Европското првенство, кое се игра во три земји, една од нив е Македонија. Првиот меч е закажан за 5. ноември, „црвено-жолтите“ играат против Франција во СЦ „Борис Трајковски“. Иако се аутсајдери во групата, сепак тоа не ги спречува да излезат на терен и да го остават срцето.
Пред почетокот на континенталното натпреварување доаѓа интересен видео-запис, ракометарките испратија порака до македонската јавност.
„Ние ќе играме со срце, вие навивајте за нас, нека пејат милиони во еден глас. Овој ноември да го вратиме сајајот на жеснкиот ракомет“, се дел од пораките.