Украинците испратија барање до ФИФА – Исфрлете го Иран!

77

Веќе со недели учеството на фудбалската репрезентација на Иран на Мундијалот е доведено во прашање поради наводната помош на оваа земја за Русија во време на војната.

Најгласен во лобирањето за протерување на Иран е фудбалскиот сојуз на Украина, кој официјално побара исфрлање на оваа азиска земја од Светското првенство во Катар.

И покрај притисокот од Украина, ФИФА остана на својата првична одлука да го задржи Иран во натпреварувањето.

Една од причините за овој потег е желбата на Украинците наместо Иран да бидат тие кои ќе влезат на Мундијалот. Но, правилата налагаат во случај на исклучување таа селекција да ја замени само некој од истата федерација.

Медиумите пишуваат дека тоа би можело да биде тимот на Обединетите Арапски Емирати.

Фудбалерите на Иран се во групата Б на Светското првенство, заедно со Англија, САД и Велс.

ПретходноВалтер со голема верба: Имаме добри шанси за победа против Санташ
СледноМерит Хемпе ќе игра за Македонија