Уникс и Димитријевиќ не го менуваат ритамот!

130

Уникс Казан за кого настапува Ненад Димитријевиќ ја запиша седмата победа во низа во ВТБ лигата. Тимот на македонскиот репрезентативец на домашен терен го совлада Автодор со убедливи 95-76.

Дуелот беше решен во второто полувреме, во кое домаќинот одигра цврсто во одбраната и не му дозволи на противникот да биде комотен како во втората четвртина.

Димитријевиќ мечот го заврши со 12 поени (2/2 за три, 3/8 за два поени) , за нецели 27 минути додаде седум асистенции и пет скока.

Уникс Казан на овој начин ја продолжија битката за врвот на табелата.

ПретходноВладе Дивац доби пасош од друга држава, Премиерот лично му го даде!
СледноРакометарките со порака: Ние ќе играме со срце, вие највивајте за нас (ВИДЕО)