Сензација во Париз: Медведев елиминиран уште на стартот

122

Данил Медведев го заврши настапот на мастерсот во Париз во 2.коло односно на својот прв меч во „Берси“. Тој доживеа пораз од Австралиецот Алекс е Минор со 1:2 по речиси три часа борба. По сетови беше 6:4, 2:6 и 7:5.

На Медведев, кој е трет тенисер во светот, ова му е прв пораз по пет едноподруго победи и освојувањето на АТП турнирот во Виена. Него го чека пад на АТП листата идниот понеделник бидејќи во Париз бранеше финле и 600 бодови.

Де Минор во осминафиналето ќе игра со Американецот Френсис Тијафо кој беше подобар од Британецот Џек Дрејпер со 2:0 по сетови.

Понатаму оди и Циципас кој го совлада Еванс со 2:0 по сетови како и Ожие-Алиасаме кој беше подобар од Имер со 2:1 потоа Карлос Алкараз кој со 2:0 го победи Нишиока и Мусети кој го победи Басилашвили со 2:0.

 

ПретходноПарите од продажбата на билетите од мечот Шкендија – А. Пандев ќе одат за прославата на роденденот на “балистите“!
СледноСелта го смени тренерот, замената стигна два часа подоцна