Европското сениорско првенство стартува за два дена, во Скопје и официјално почнува на петти ноември, еден ден подоцно. ЕХФ ги објави судиите за мечевите од првото коло на континенталното натпреварување кое ќе се одржи во три земји, Македонија, Словенија и Црна Гора.
Во Скопје ќе се одиграа првите мечеви од групната фаза, Македонија за противник ја има Франција, овој дуел е закажан со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски’.
Босанските судијки Весна Балван и Татјана Праштало ќе ја делат правдата на првата средба на македонската женска ракометната репрезентација. Покрај Франција во група со нашите ракометарки се уште Холандија и Романија.