Мундијалот е се поблиску, а на неполни три недели до почетокот во Катар не престануваат скандалите поврзани со организацијата. Со години читаме за протестите на најразлични организации за условите во кои живеат и работат странски работници во Катар додека градат стадиони и објекти потребни за Мундијалот, а сега доаѓа веста дека овие работници немаат земано плата.
Работниците од од Азија, Филипините, Бангладеш и други неразвиени или земји во развој главно го носат товарот на изградба на нови стадиони, хотели и поврзувачки објекти.
Л’Екип“ пишуваше дека работат прекувремено и без слободен ден, сега наведуваат дека е блиску вистински бунт бидејќи на работниците не им се исплатени платите.
Светската организација на трудот во својот извештај наведе дека има дури 34.425 поплаки од работници за неплаќање, наведува и дека дури 67 отсто од тие тужби се решаваат со вонсудски спогодби, а 33 отсто кои завршиле на суд во 84 отсто од случаите се решаваат во корист на работниците.
Некои репрезентации како Норвешка го истакнаа овој проблем, доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар беше многу проблематично и го преместија Мундијалот во сосема поинаков датум од вообичаеното, па засега се чини дека оваа одлука на ФИФА е прилично неуспех.