Иако не минаа ни три дена од освојувањето на турнирот во Ираклион (Грција), денеска Калин Ивановски, нашиот најдобар тенисер победнички тргна во поход на нов трофеј и тоа на турнирот во Ерусалим (Израел).
Македонецот во првото коло успеа со 2:0 во сетови да слави над домашниот тенисер Бен Веинтрауб, по гемови 6-3 и 6-3. Доминација во текот на целиот меч на Калин Ивановски и заслужен пласман во 1/8 финалето.