Кил беше близу до победа, но Алборг извади реми

73

Во крајно неизвесен и драматичен меч, ракометарите на Кил и Алборг одиграа нерешено 36:36 во денешното дерби од 6. коло во групата „Б“ од Лигата на шампионите. Германскиот великан беше многу блиску до победа, но во самата завршница прими гол и не успеа во последниот напад да реализира за комплетен успех и втора сезонска победа.

Ремито им оди во прилог на гостите, кои останаа два бода пред Кил, кој оваа сезона игра далеку под очекувањето.

Денеска одличен меч за Кил одигра Јохансон кој постигна 9 гола, додека кај Алборг Микел Хансен доминираше со 7 погодоци.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Жиру го турка Милан кон осминафинале, Јуве се уште „виси“ за ЛЕ (ВИДЕО)
СледноОптимист: „Сигурен сум дека Ливерпул на крајот ќе биде во ТОП 4 во Премиер лигата“