Вечерва со осумте мечеви од 6.коло завршува групната фаза во ЛШ. Во најголем дел работите се јасни, остануваат само некои дилеми да се разрешат.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски со својот Динамо Загреб гостуваат во Лондон кај Челзи. Се надеваат со победа дека, треба и Милан да го победи Салцбург, ќе завршат трети во групата и напролет ќе играат во Лигата на Европа.
Дербито се игра во Торино каде Јуве го дочекува ПСЖ. На домашниот состав победата му е неопходна ако сака напролет да игра во Лигата на Европа, познато е дека уште во минатото коло Јуве ги загуби сите шанси за пласман во осминафинлето во ЛШ. Во оваа група – Х познато е дека натаму одат ПСЖ и Бенфика.
ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА
ГРУПА -Е
ЧЕЛЗИ – ДИНАМО ЗАГРЕБ (21:00 Ч)
МИЛАН – САЛЦБУРГ (21:00 Ч)
ГРУПА – Ф
РЕАЛ МАДРИД – СЕЛТИК (18:45 Ч)
ШАХТЈАР – ЛАЈПЦИГ (18:45 Ч)
ГРУПА – Г
КОПЕНХАГЕН – ДОРТМУНД (21:00 Ч)
МАНЧЕСТЕР СИТИ – СЕВИЛЈА (21:00 Ч)
ГРУПА – Х
МАКАБИ – БЕНФИКА (21:00 Ч)
ЈУВЕНТУС – ПСЖ (21:00 Ч)