Одлучувачкиот меч од групата „Ф“ во Лигата на шампионите одигран вечерва во Варшава меѓу екипите на Шахтјор и РБ Лајпциг со убедливи 4:0 им припадна на гостите од Германија, кои со оваа победа го потврдија своето место на едно од последните две слободни места за осминафиналето. „Биковите“ со голот на Нкунку во 10. минута го најавија триумфот, кој во вториот дел беше „забетониран“ со брзите погодоци на Силва во 50. и на Собослаи во 62. минута на средбата. Конечните 4:0 ги постави Дани Олмо со голот во 68. минута.
Реал (М) со високи 5:1 го порази Селтик на „Бернабеу“ и потврди зошто е „крал на Европа“. Мадриѓани ја комплетираа четвртата победа со која за еден бод се пред РБ Лајпциг на врвот на табелата. Головите за вечерашната победа на домашните беа дело на Модриќ и Родриго од пенал во 6. и 21. минута, а потоа и на Асенсио, Винисиус Жуниор и Валверде во вториот дел од мечот. Почесниот гол за гостите го постигна Жота во 84. минута.
ГРУПА Ф
Реал (М) – Селтик 5:1
Шахтјор – РБ Лајпциг 0:4