ЛШ: Милан е последниот осминафиналист, Бенфика заврши прва пред ПСЖ (ВИДЕО)

130

Италијанскиот првак Милан е последниот 16-ти патник во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во последната рунда од групната фаза, единствената дилема за последното слободно место во нокаут-фазата беше дали Милан или РБ Салцбург ќе се најдат меѓу најдобрите.

Милан како фаворит на домашен терен покажа дека е класа над Австријците и со доминантна партија и висока победа од 4:0 го потврди своето место во нокаут-фазата на пролет. Жиру го отвори резултатот во 14. минута, а во вториот дел Круниќ 46. и повторно Жиру во 57. минута ги затворија сите дилеми околу тоа кој ќе го освои 2. место во групата „Е“. Четвртиот гол за „росонерите“ го постигна Месиас во последните моменти на средбата.

Првата позиција во оваа група остана за Челзи, кој со пресврт славеше над Динамо (З) со 2:1 со тоа го елиминираше хрватскиот шампион во чии редови денеска стартери беа и Адеми и Ристовски, а Адеми асистираше за единствениот гол за гостите.

Во групата „Х“ Јувентус се провлече до Лигата на Европа, иако на домашен терен беше поразен во дербито против ПСЖ со 2:1. Бенфика одигра феноменално кај Макаби во Израел со 6:1, и се израмни во гол-разликата со ПСЖ во трка за првото место во групата и само поради поголемиот број голови постигнати на гостински терен, Португалците завршија на првото место во групата, а ПСЖ остана второпласиран.

Во групата „Г“ Манчестер Сити одигра слабо прво полувреме во кое и дозволи на Севиља да поведе со 1:0 (Рафа Мир 31′), но во второто полувреме го покажа своето вистинско лице и со головите на Луис, Алварез и Марез дојде до победа од 3:1. Нерешено заврши дуелот во Копенхаген меѓу домашниот ФК Копенхаген и Борусија (Д) – 1:1.

ГРУПА Е

Челзи – Динамо (З) 2:1

Милан – РБ Салцбург 4:0


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Г

Копенхаген – Борусија (Д) 1:1

Манчестер Сити – Севиља 3:1


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Х

Јувентус – ПСЖ 1:2

Макаби Х. – Бенфика 1:6


Standings provided by Sofascore

ПретходноОптимист: „Сигурен сум дека Ливерпул на крајот ќе биде во ТОП 4 во Премиер лигата“
СледноДЦ Јунајтед казнет поради назначувањето на Руни: Непочитувале политиката на различности