ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Жиру го турка Милан кон осминафинале, Јуве се уште „виси“ за ЛЕ (ВИДЕО)

79

Милан е се поблиску до последното слободно место за осминафиналето во ЛШ. По првите 45 минути на „Сан Сиро“, италијанскиот првак има предност од 1:0 над конкурентот РБ Салцбург и сигурно чекори кон втората позиција во групата. Оливие Жиру ги донесе „росонерите“ во водство во 14. минута, а истиот фудбалер погоди и вторпат подоцна, но тој гол беше поништен поради офсајд.

 

Динамо (З) тргна одлично во Лондон против Челзи. „Модрите“ поведоа преку Бруно Петковиќ по асистенција на нашиот Адеми, но лондончани се вратија за комплетен пресрт со головите на Стерлинг и Закарија и на одмор заминаа со 2:1.

 

Јувентус се мачи да го обезбеди својот европски статус на пролет, макар и во Лигата на Европа. Во дербито на „Алијанц Арена“, ПСЖ погоди преку Мбапе за 1:0, но Јуве успеа до полувреме да израмни преку Бонучи. Во истата оваа група, Макаби Хаифа има 1:1 на полувреме против Бенфика и се уште е во игра за ЛЕ.

Во групата Г на полувреме Севиља изненадувачки води кај Манчестер Сити, а во Копенхаген, домашните и Борусија (Д) одиграа 1:1.

ПретходноЛегендарниот шахист Анатолиј Карпов се бори за живот, приклучен е на респиратор
СледноКил беше близу до победа, но Алборг извади реми