Хрватскиот фудбалски гениј, Лука Модриќ постави нов рекорд во Лигата на шампионите и тоа како највозрасен играч кој постигнал гол од пенал во најсилното европско клупско натпреварување.
Вечерва фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид го претвори ударот од 11 метри во 6. минута на натпреварот против Селтик во водство од 1:0 за „кралевите“, кои на крајот славеа со 5:1 над Шкотите за потврда на првото место во групата.
Модриќ го реализираше овој пенал со 37 години и 54 дена. Тој го надмина досегашниот рекорд на Бурак Јилмаз, кој постигна гол за Лил од пенал против Челзи на 36 години и 244 дена.