На 12 години потпиша за Ц. Звезда: Матеја Масев е новиот голем талент на мак – фудбалот!

7671

Кога на 12 години ќе те повика еден клуб како што е Ц. Звезда, некогашен европски шампион и да потпишеш за младинската школа на „црвено – белите“ од Белград, секако дека не е мала работа, напротив.

Е, па, тоа деновиве му се случува ма Матеја Масев, детето од Струмица, синот на некогашниот наш репрезентивец Дени Масев и сегашен директор на репрезентацијата на Македонија.

May be an image of 3 people, people standing, bicycle and outdoors

И затоа никој не треба да се чуди на талентот на малиот Матеја кога неговиот татко е Дени Масев.

Матеја потекнува од школата на А. Пандев каде минува речиси шест години, се прикажува како еден од најдобрите во својата генерација, и кога си добар како Матеја, тогаш јасно е дека ќе те следат големите клубови како Ц. Звезда, а нели, Ц. Звезда не се одбива.

Откако потпиша договор со балканскиот гигант сега Матеја е редовен на тренинзите во својот нов клуб, сите околу него, како и неговите нови тренери се воодушевени од младиот Македонец.

Негоата позиција е стопер, вели дека идол му е Вирџил ван Дајк и дека се ќе стори да ја оправда довербата која му е дадена од страна на Ц. Звезда.

Ние му посакуваме успех, добра работа и секако еден ден да го облече дресот на првиот тим на Ц. Звезда и да тргне по стапките на Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Кире Дојчиновски, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Митко Стојковски и уште многу наши Македонци кои оставија голема трага во Ц. Звезда.

ПретходноНојер призна: Преживеав канцер на кожата
СледноАнглија ќе ги пречека “рисовите“ на “Олд Трафорд“!